Последни денови за пријавување за Регионалниот избор на спортист до 18 години на Истокот, во организација на М Нет телевизија

Останаа уште неколку денови за пријавување за Регионалниот избор на спортист до 18 години на Истокот, во организација на М Нет телевизија, а се опфатени повеќе општини од источниот дел на Македонија.

Може да се пријават сите спортисти до 18 години кои забележале значајни резултати за 2024 година, а влегуваат спортистите кои се од или се натпреваруваат за клубови од Штип, Радовиш, општина Конче, Свети Николе, општина Карбинци, Кочани, Берово, Делчево, Виница, општина Зрновци, Пробиштип, општина Чешиново Облешево и Македонска Каменица.

Пријавувањата ќе може да ги направите во текот на оваа недела, односно заклучно со петок 7. февруари, кога пријавувањата ќе биде затворени.

За условите и критериумите подетално можете да се информирате на нашиот веб сајт М Нет мк, од каде исто така можете да ја превземете пријавата за пријавувања, а истата можете да ја доставите електронски или во просториите на М Нет телевизија во Штип.

Најдобриот спортист кој ќе биде избран ќе добие парична награда од 30.000 денари, за второпласираниот спортист е предвидена парична награда од 12.000 денари, додека за третопласираниот спортист е предвидена парична награда во висина од 6.000 денари. Паричните награди за трите најдобри спортисти ги обезбеди рудникот Бучим и Боров Дол.

Минатата година М Нет телевизија го организираше првиот избор за најдобар спортист до 18 години за 2023 година, избор кој беше локален односно за град Штип, додека пак оваа година, изборот за најдобар спортист до 18 години во организација на М Нет телевизија ќе биде регионален, односно влегуваат 13 општини од Источниот дел на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет