Викендот во Кочани се одржа Државното првенство до 23 години во борење за мажи и жени, одлични резултати за Балканец од Штип

Овој викенд во Кочани се одржа Државното првенство во борење слободен стил за мажи и жени до 23 години, каде свое учество имаше и Балканец од Штип, а борачите на штипскиот клуб имаа одлични резултати и во машка и во женска конкуренција.

Кај мажите во конкуренција до 57 килограми прв беше Стефан Штерјов од Балканец, во конкуренција до 61 килограм прв беше Бесир Алили од Лирија.

Во конкуренција до 65 килограми прв беше Арон Николов од Бучин, на второто место заврши Стефан Стојков од Балканец, третото место му припадна на Стојанче Стојков исто така од Балканец од Штип.

Во конкуренција до 70 килограми прв беше Трим Исмаили од Лирија, а во конкуренција до 74 килограми тоа беше Феруки Мухамед од Лирија. Во конкуренција до 79 килограми најдобар беше Александар Миланов од Вардар, во конкуренција до 86 килограми исто така борач на Вардар беше најдобар, тоа е Адам Модосјан. До 92 килограми најдобар беше Реџеп Хајдари од Лирија, Омер Мемеди од Лирија беше најдобар до 97 килограми, во конкуренција до 125 килограми најдобар беше Кирил Малчев од Вардар.

Кај жените до 50 килограми надјдобра беше Марија Спирковска од Лирија, до 53 килограми најдобра беше Теодора Дамеска од 7 мај. До 55 килограми најдобра беше Деспина Богеска од 7 мај, а во конкуренција до 57 килограми тоа беше Михаела Тодороска од 7 мај.

Во конкуренција до 59 килограми најдобра беше Леа Стојковска од Вардар, до 62 килограми Викторија Спасовска од боречкиот клуб Киро Ристов од Карбинци, до 65 килограми најдобра беше Марија Цветанова од Балканец, до 68 килограми најдобра беше Мелани Митевска од Балканец, во конкуренција до 72 килограми најдобар беше Анабела Данилова од Балканец, а во конкуренција до 76 килограми најдобра беше Стефани Николова од екипата на Неготино.

Александар Ванев, М-Нет