
Второлигашот Каменица Саса за пролетната полусезона претстави три млади засилувања, со кои ќе се обиде да ја засили конкунрецијата во своите редови. Се работи голманот Лазе Гичев, Давид Голубов и Стефан Коловски.
Гичев е млад голман кој има 19 години и доаѓа од екипата на Осогово, а претходно настапуваше и за Слога од Виница.
Голубов ќе ја засили офанзивата на тимот од Македонска Каменица, има 18 години и доаѓа од второлигашот Охрид, а има настапувано и за екипата на Илинден.
Коловски, кој исто така има 18 години, доаѓа од Охрид, во пакет заедно со Голубов. Се работи за офанзивен шпиц играч, а има настапувано за младинските категории на Работнички.
„ФК Каменица Саса покрај новите засилувања, кои се надеваме дека ќе внесат нова енергија и свежина во играта, продолжува со интензивните подготовки во зимскиот преоден период контролните натпревари со повеќе екипи. Веќе во среда се среќаваме со екипата на Башкими во Куманово. Претходно, одигравме пријателски натпревар со екипите на Осогово во Кочани и со Слога во Виница“, велат од клубот.
Каменица Саса пролетниот дел од сезоната го отвара против Кожуф, но наместо на домашен терен ќе мора да игра на друг терен, бидејќи стадионот во Македонска Каменица е суспендиран.
Александар Ванев, М-Нет