
Женскиот ракометен клуб Астибо од Штип за вториот дел од сезоната за Суперлигата се засили со две ракометарки. Станува збор за голманката Ана Марија Горговска и крилото Елена Димова.
Двете ракометарки во штипскиот суперлигаш во пакет доаѓаат од редовите на Гевгелија.
„Млади, талентирани и амбициозни, тие доаѓаат од редовите на ЖРК Гевгелија и се подготвени да внесат нова енергија и квалитет во нашата игра“, велат од штипскиот клуб по промоцијата на двете нови ракометарки.
Астибо ја оствари својата првична цел, а тоа беше место во плеј-офот, клубот во плеј-оф сегментот одигра два натпревари, но и двата ги загуби од Металург Автокоманда и од шампионот Ѓорче Петров. За вториот дел од сезоната Астибо ја засилува конкуренцијата во своите редови и за првa победа во плеј-офот, а вториот дел од сезоната Астибо го отвара против екипата на Чаир на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет