
Општинскиот фудбалски сојуз Штип го закажа изборното собрание за избор на нов претседател и тела при самиот ОФС.
Изборното собрание е закажано за 31. јануари годинава, а покрај избор на претседател на ОФС Штип ќе се избира и Управен и Надзорен одбор.
Како една од точките на Изборното собрание на ОФС Штип, секако ќе биде и да се даде поддршка на актулниот и идниниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.
Покрај овие точки, ќе има и други точки кои ќе бидат на дневен ред на Изборното собрание на ОФС Штип.
Редовното изборно генерално собрание на ФФМ е закажано за 25. март.
Александар Ванев, М-Нет