ПРИЈАТЕЛСКИ: Струга подобра на тестот со Корона Кјелце, Гостивар со висок пораз од Словачко, реми на Силекс со Нефчи!

Актуелниот шампион во Првата македонска лига, Струга Трим Лум забележа триумф на подготовките во Анталија, откако славеше против Корона Кјелце со резултат од 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Шабан Зенку, кој постигна гол во финишот од натпреварот. Претходно, стружани ремизираа со унгарскиот прволигаш Дебрецин.

Прволигашот Гостивар загуби убедливо од чешкиот тим Словачко со резултат од 0:4 на подготовките во Хрватска. Клима постигна два гола за Словачко, а по еден гол постигнаа Хофман и Крманчик.

Лидерот Силекс ремизираше против Нефчи играјќи 2:2 во Анталија. Екипата на Нефчи дојде до водство од 0:1, а потоа Силекс преку Додев израмни, а преку Анѓелески од белата точни направи и пресврт на 2:1, но во финишот од мечот Нефчи израмни на конечни 2:2.

Александар Ванев, М-Нет