Рамни стапала- проблем со кој се соочуваат луѓето, особено дечињата, рутински прегледи советуваат лекарите

Сите бебиња се раѓааат со рамни стапала, истакнуваат ортопедите. Ваквите стапала се задржуваат до четвртата година поради масното перниче што го имаат бебињата, мускулната лабавост и поголемата еластичност на структурите што се во формирање. Лекарите советуваат да се ослободуваат децата од обувки и да се пушти да оди босо . Потребно е да се поттикне да се движи , особено по нерамни површини, да трча, скока и на тој начин ќе ги зацврсти нозете и мускулите на стапалото. Така кај нив ќе превенира развој на рамни стапала

“Генерално сите деца се раѓаат со рамни стапала. Карактеристично е што при самиот порагај, до четвртата година има така наречено масно перниќе на стапалата кои што го прави сводот на биде рамен. Поентата на тоа масно перниче е што има амортизициона функција и изоционална фукција. После четвртата година имаме повлекување на масното перниче и сводовите стануваат евидентни.“, истака Киров

Обично стапалата се слаби и имаат лабаи лигаменти, се додека нема формирање на сводови. Влошки се користата само ако постои сериозна причина за рамни стапала, истакнуваат лекарите.

“Никогаш не ги форсираме пред третата и четвртата година, поради тоа што го пореметуваат природниот развој на стапалото. Стапалото на детето е со млитава и лабави лигаменти, се додека расте доаѓа до оптеретување на мускулатурата иу формирање на сводови. Влошките најчесто, ако не постои сериозна причина“, додава Киров

Кога детето ќе застане на прсти или слободно ќе ги пушти нозете да висат од високо столче или кревет, се појавува лак на стапалото, што е случај кај флексибилниот тип на рамни стапала, но не и кај ригидниот тип. Овие деца отежнато застануваат на прсти, може да имаат болка на одделни зони  на стапалата При преоптоварување овие деца може да се пожалат на оток и/или болка на скокалните и на колените зглобови. Кога е нагласен степенот на зарамнетост на стапалата, за да се одржи балансот на телото, скокалните зглобови и колената се ориентираат кон внатре, со што се нарушува нормалната оска на оптоварување на долните екстремитети.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет