
Петар Мијалков од Штип е среќникот кој го извади светиот крст од водите на река Брегалница во штипско Ново Село. 34 годишнниот Мијалков повеќе од 14 години скока по светиот крст, а ова е вторпат за него како го фаќа. Среќа, љубов, бериќет им поска на сите граѓани во оваа тековна 2025 година.
„Се фрлам повеќе години по крстот можеби 14, 15 години, ова ми е втор пат како го факќам. Им поскаувам на сите здравје, среќа, љубов, хармонија во домовите. Да сме живи и здрави сите,. Бог се јави“ – вели Мијалков.
Мијалков како и годините претходно доби погодни подароци од Брегалничката епархија, од Општина Штип како и од општествено одговорни компании.