Светиот крст во рацете на Горан Зашов од Кочани, тој беше најсреќен меѓу пријавените 40 верници

38 годишниот Горан Зашов го извади крстот од водите на Кочанска река. Меѓу пројавените 40 момчиња тој имаше најголема среќа да го фати крстот по повод празникот Богојавление Водици.

По светиот крст скока повеќе години, а ова му е вторпат како го фаќа. Поска здравје, мир и бериќет на сите.

Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст во храмот „Св. Вмч Ѓорги“ се одржа Света Божествена литургија по што со свечена литија верниците и свештениците се упатија кон мостот во паркот, каде се потопуваше крстот.

Успешно помина и лицитацијата на иконите и крстот а оние кои што ги купија иконите ќе ги чуваат во своите домови 40 дена за здравје, по што ќе бидат вратени во црквата.

Лаура Стојанова М-Нет