
Утре ќе се одигра големото финалето на турнирот во мал фудбал „Водици Куп 2025“ каде силите ќе ги одмерат екипите на Агросмарт и Фреш Фрут.
Големото финале ќе се одигра во Спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, со почеток од 13 часот, каде се очекува неизвесен натпревар, а на задоволство на сите кои ќе бидат присутни во салата да уживаат во добар натпревар.

До финалето екипата на Агросмат стигна откако во полуфиналето славеше против Ѕурѕу Фарм со резултат од 3:1, додека пак екипата на Фреш Фрут преку пенал рулетот со 2:3 славеше над Радио Такси Де Лукс.
Александар Ванев, М-Нет