
Второлигашот Осогово од Кочани се засили со пет играчи со кои ќе се обиде да ја засили конкуренцијата во тимот со цел да може да ја оствари својата цел, а тоа е опстанок во Втората лига.
Владимир Жоглев, Давид Ристовски, Кристијан Ристовски, Грегори Давков и Дамјан Стојковски се новите имиња во Осогово.
Владимир Жоглев е најзвучното името кое доаѓа меѓу овие пет играчи, тој е повратник во Осогово, а доаѓа од редовите на второлигашот Скопје. Низ кариерата 26-годишникот настапуваше за Вардар, Тетекс, Беса, Борец, Победа од Прилеп и Победа од Валандово, како и за тимот на Маџари Солидарност.
20-годишниот Стојковски пристигна од Вардар Неготино, а беше дел од Куманово, Новаци и Пелистер. Давков пак доаѓа од Брегалница, а 21-годишникот беше дел и од Каменица Саса, Кожуф, Беласица и Скопје.
Во пакет од Слога Виница доаѓаат Кристијан Ристовски и Давид Ристовски.
Давид има 23 години и носи искуство настапувајќи за Македонија ЃП, Вардар, Кожуф и Кадино, а пак 26-годишниот Кристијан го носеше дресот на Кадино, Гостивар, Тетекс, БВК Коњаре и Скопје.
Осогово сега под водство на искусниот стратег Крсте Крстев ќе обиде да избори опстанок, а пролетниот дел го отвара против Вардар Неготино во гости.
Александар Ванев, М-Нет