
Од денес и официјално започнува зимскиот преоден рок во македонскиот фудбал, а тоа значи дека од денес и официјално ќе може да се регистрираат нови засилувања односно играчите кои ќе променат средина.
Изминатиот период прволигашите, второлигашите, но и третолигашите промовираа засилувања, а сега истите и официјално ќе може да бидат потврди и регистрирани во системот на Фудбалската федерација на Македонија со што и официјално ќе станат дел од новиот клуб. Овој преоден период се однесува и на екипите од Првата и Втората женска фудбалска лига.
Што се однесува до зимскиот преоден рок, кој започнува денес на 15. јануари, истиот ќе трае до 11. февруари.
Во следниот период се очекува фудбалските екипи да се активираат поинтензивно на трансфер пазарот и во следните денови да видеме повеќе засилувања, пред се во екипите кои досега беа пасивни и многу не откриваа околу засилувањата.
Зимскиот преоден рок е пократок во однос на летниот период, а истиот започнува на 15. јуни и трае до 6. септември, период во кој клубовите може да вршат регистрација на нови играчи.
Пролетниот дел од Втората лига започнува на 15. февруари, а еден подоцна односно на 16. февруари ќе започне пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет