Ѕвегорска сурова во „Пијанечко Вевчани“, со маски, греана ракија, баница и голем број гости дури и од странство

Невеста, младоженец, поп, мечка и белци кои ја чуваат невестата и денеска традиционално ги посетија домовите во село Ѕвегор со што уште еднаш традиционално се одржа Ѕвегорската сурова. Извикувајќи Сурва – Стара Нова година се посетија сите куќи, а домаќините домаќински ги даруваа сурваскарите со греана ракија, погача и баница. Целодневниот театар под маски годинава привлече големо внимание, гости имаше и од странство, а имаш учесници и од Република Бугарија.

„Тоа е вековна традиција која се одржува и продолжува да се одржува. Главните личности во тој театар под маски е невестата и целта е да не се открие идентитетот. Присутни се многу гости од секаде, од Бугарија имаме и учесници. Цел ден се одвиваат настаните во село Ѕвезгор, се посетува секоја куќа и се дарувааат сурваскарите“ – вели Новоселски.

Во овој дел од државата, во Пијанец се маскираат на 13 јануари, а во Ѕвегор на 14 со цел маскираните групи да не се сретнат. Во позитивна атмосфера, со музика и песна се слават празниците во пијанечко Вевчани.

Оваа традација е обичај оставен од дамнешно време која се практикува секоја година, со што се истеруваат злите духови и се слави Стара Нова Година.

Лаура Стојанова М-Нет