
И оваа година се организира зимска школа за децата во штипската библиотека Гоце Делчев. На 14, 15 и 16 јануари во периодот од 10 до 13 часот децата ќе имаат можност да научат нови нешта, да другаруваат, да посетат локации и места и да научат за нивното постоење. Во зимската школа пред сѐ предност се дава на основците односно децата од 7 до 155 годишна возраст, а интересот е на задоволителни ниво.
„Зимската школа веќе седми пат оваа година ќе биде во просториите на библиотеката и секоја година се надградуваме во зависност од нивните желби, потреби и интереси. Препознатливи сме во градот по стандардизирана програма во која секако вклучуваме професори од УГД, имаме предавања за лидерство за малку поголеми деца“ – вели Јованова.
Школата се организира за време на зимскиот или за време на летниот распуст. Целта е децата рационално да го искористат своето слободно време, со можност да научат нешто дополнително. Преку зимската школа се стекнуваат со знаења и вештини соодветни за нивната возраст и времето во кое живееме.
„Целта на организирање на настаните летна и зимска школа ни е да ги анимираме децата во време на зимските и летните распусти. Се обидуваме да ги научиме нешто повеќе децата за послободни активности.“ – вели Горгиев.
Третоооделенката Надица Лефкова досега двапати била на зимската школа. Вели задоволна е од она што се нуди и токму затоа и годинава ќе биде дел од школата.
Зимската школа е целосно бесплатана за децата, а годинава како завршен настан е предвидено да се организира караоке за сите дечиња со што и тие ќе уживаат и ќе се забавуваат.
Лаура Стојанова, М-Нет