До крајот на оваа година се очекува да биде отворен Лидл во Штип, подготовките течат интезивно

Интезивно се работи на изградбата на Лидл во Штип, на локацијата кај старото нерво одделение. Во текот на оваа година се очекува да биде отворен првиот Лидл маркет во Штип. Во меѓувреме течат подготовките и за изградба на вториот на локација кај автобуската станица во Штип. Градоночалникот, Иван Јорданов, посочи дека автобуската станица нема да биде дислоцирана само ќе биде намалена, но меѓуопштинскиот превоз ќе функционира непречено. Ќе биде уреден и простотор наоколу.

„Паралелно се подготвуваат активностите и за втората локација, локацијата којашто е на некогашната автобуска станиица и на просторот наоколу. Предвидено е на дел од автобуската станица да биде изграден, поставен Лидл маркетот и на површината наоколу да има уреден паркинг простор. Нема да згасне дејноста на автобуската станица затоа што еден дел ќе остане и ќе ги опслужува потребите на граѓаните, меѓуопштинскиот превоз ќе продолжи да функцонира, но ќе се преадаптира на оној дел од автобуската кој ќе остане за истата оваа намена“ – вели Јорданов.

Просторот кај сегашната автобуска станица во Штип е нецелосно искористен вели Јорданов, па со отворањето на Лидл, ем ќе се искористи просторот ем бенефит ќе имаат сите.

„Сведоци сме сите дека постоечкиот објект е неискористен во целост и верувам дека предвидениот капацитет ќе ги задоволи потребите на граѓаните.“ – додава Јорданов.

И штипјани согласни дека вакви продавници треба да бидат отворени во градот. Очекуваат пониски цени и поголем избор.

Отворањето на Лидл во Штип ќе биде од големо значење за градот, бидејќи постојано има граѓани и од останатите градови од регионот.

Лаура Стојанова М-Нет