
На почеток од месецот, а речиси домашниот буџет празен. Иако јануари пол празници, сепак граѓаните ваквата ситуација ја нарекуваат како лоша. Велат месечните примања иако покачени, но сепак истите не стасуваат до крајот на месецот, бидејќи како што додаваат цените се многу повисоките од нивните покачувања.
Анкетираните велат дека од новогодишната кошничка, тие не осетиле речиси ништо. Истакнаа дека цените се огин скапи, па како што велат можеби е нормално, бидејќи нема домашно производство.
Во согласност со ситуацијата, премиерот во последните изјави истакна дека владата стои зад ставот за покачување на пензиите и во месец март за уште 2,500 денари, што значи дека пензионерите со изминатото покачување и новото ќе имаат зголемувње 5000 денари.
Лаура Стојанова, М-Нет