
На третиот ден од Божик, православните верници го одбележуваат празникот посветен на болните, старите и сиромашните познатиот Св. Стефан. Граѓаните уште рано изутрина ги посетија црквите и ги дигнаа панагиите за нивните семејства, посакувајќи мир, здравје и љубов. Неизоставен дел беа и молитвите, кои тие ги упатија до Св. Стефан , молејки го Бога за нашето спасение.
Инаку, празникот менува ден, но не дата и секогаш се паѓа на третиот ден од Божик односно на 9 Јануари. Денес именден одбележуваат Стефан, Стефанија, Стефка, Стевчо, Стојан, Стојанка, Стојмен.
Лаура Стојанова, М-Нет