
Од првите осум дена од оваа година, пет беа со повисоко ниво на загадување на воздухот и во Штип. Иако тој е еден од почистите градови имајќи ја специфичната конфигурација, сепак мирното и суво време особено во вечерните часови се одраз да има вакви случаи и во овде. Ректорот на УГД Дејан Мираковски, за М-Нет истакна дека бројките на загадување во Штип се сепак помали, споредбено со она што се забележува во другите градови, па како што вели ваквата застапеност е генерално во целаата држава во котлиснките градови.
„Да признаам Штип вообичаено е еден од почистите градови, бидејќи има специфична конфигурација, односно се наоѓа на ритчиња кои што се испресечени со подлабоки долови и тие овозможуваат некакво струење на воздухот и Штип вообичаено има ветер, односно нема маглеви денови, така што и концентрациите на загадувачките материи во Штип се ниски, меѓутоа и овој период е карактеристичен и од првите осум дена, дури пет имаме надминување на дозволените концентрации и во Штип. Бројките се сепак помали, во однос на она што се забележува во другите градови.“, вели Мираковски
Фактот дека воздухот денес споредбено со минатот е повеќе загаден, соглсни се и анкетираните, кои велат дека зголемениот број на автомобили и грејната сезона се одраз врз загадувањето.
Инаку, Краткотрајното и долготрајното изложување на суспендирани честички може да влијаат врз здравјето. Здравствените ефекти од PM се јавуваат по вдишување на честичките. Зависно од нивната големина, суспендираните честички може да навлезат во белите дробови и крвотокот и да предизвикаат негативни ефекти врз респираторниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и нервниот систем. Колку се поситни честичките, толку подлабоко навлегуваат во белите дробови.
Лаура Стојанова, М-Нет