
По отворањето на на нов клон при детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Три Чешми и пуштањето во функција на балон салата, со реакција излегоа и од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека простории во стара зграда не се ветените проекти на Јорданов. Додаваат дека парите од самоприоднесот незаконски се вложени во изградбата на резервоарот во Пребег.
„Од ДПМНЕ ангажирале цела партиска армија да им ракоплеска за ставање во употреба на простории во стара зграда како градинка. Простории кои беа ставени во употреба пред една година. Јорданов не вети простории во стара зграда, Јорданов вети нова детска градинка во населба Пребег и Железничка од која нема ни трага ни глас. Јорданов ги троши парите на штипјани без усул. Парите од самопридонесот без референдум и незаконски ги вложува во резервоарот. Над 670 иилјади евра пари од самопридонесот Јорданов ги користи онака како што си сака без да добие одобрени од граѓаните“ – вели Иванов.
Од ОО на СДСМ Штип, посочија дека последната детска градинка изградена од темел во Штип била во нивно време.
Лаура Стојанова М-Нет