
Радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица за пролетната полусезона се засили со повратниците Јовица Радевски и Филип Димоски.
Двајцата во минатото го носеа дресот на Детонит Плачковица, па за нив средината во Радовиш е повеќе од позната.
24-годишниот Радевски во Радовиш доаѓа од редовите на штипска Брегалница, а има настапувано уште и за Беса, Плачковица, Каменица Саса, Кадино, Македонија ЃП, Вардар, Работнички и Скопје.
Од друга страна, Димоски, кој има 25 години, во Детонит Плачковица доаѓа од тимот на Охрид, а има настапувано уште и за Победа, Каменица Саса, Пити Гули, Вардар Неготино, Осогово и 11-ти Октомври.
Во следниот период се очекува уште неколку засилувања во Детонит Плачковица според нашите информации.
Александар Ванев, М-Нет