Штипјанец на Бадник се заканувал и се обидел со остар предмет да нападне друго лице

На 06.01.2025 околу 20.00 часот во СВР Штип, Б.А.(26) од с.Дорфулија, општина Лозово, пријавил дека пред продажен објект во с.Дорфулија, по претходна расправија, 34 годишник од Штип му се заканувал и се обидел со остар предмет да го нападне. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.