Шампионот Струга се засили со Сенегалецот Папе Фал, Шкендија ги започна подготовките!

Актуелниот шампион Струга Трим Лум продолжува со засилувањето во своите редови за одбрана на титулата во Првата лига, откако го претстави Сенегалецот Папе Фал, кој доаѓа од редовите на Лиепаја.

24-годипниот лев бек треба да претставува големо засилување и освежување во редовите на Струга во пролетната мисија за одбрана на титулата. Претходно, стружани се засилија со Хамза Меметриза од второлигашот Башкими.

Шкендија од Тетово прва ги започна подготовките за пролетниот дел од Првата лига, а првиот тренинг беше во Тетово. Ова е прва фаза од подготовките на поранешниот шампион од Тетово, по што тимот ќе се пресели во Анталија, Турција каде ќе ја одбработи главната фаза од подготовките со одигрување на пријателски натпревари за темпирање на формата за пролетниот дел каде Шкендија атакува на титула.

Првиот пријателски меч Шкендија го игра на 17. јануари во Струмица против второлигашот Беласица.

Александар Ванев, М-Нет