Избегале двајца вработени од Бангладеш, работеле во фирма од пробиштипско

На 06.01.2025 во 12.25 часот во ОВР Пробиштип, И.Б.(49) од Пробиштип, управител на приватна фирма во с.Древено, пробиштипско, пријавил дека неговите вработени А.М.(19) и М.М.Р.(21) двајцата од Бангладеш, со привремен престој во државата, го напуштиле местото каде што престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.