Бадникови поворки за првпат се одржаа и во Чешиново Облешево, децата пеејќи за Вечниот Бог го најавија христовото раѓање


Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ Климент Охридски Облешево и свештениците од МПЦ поминаа, и со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата пренесе пораки за мир и соживот во Христијанскиот свет. Денес во предвечерието на Најторжествениот и Најрадосен празник на православните верници -Христовото раѓање,да шириме пораки за љубов добрина и хуманост како темелни вредности на животот.
Градоначалникот на општината Далибор Ангелов и директорот на училиштето Јорданчо Костадинов им посакаа искрени честитки за многу здравје среќа и топлина во душите на сите жители на општината и сите православни верници, а дечињата градоначалникот ги почести со пригодни подароци.