
Синоќа се одигра последниот натпревар од Првата кошаркарска лига во рамки на 12. коло, во кое Гостивар го декласираше Вардар со 86:62.
На домашен терен и пред својата публика, екипа на Гостивар уште во првата четвртина го реши натпревар, па во текот на истиот без многу мака и потрошена енергија Гостивар дојде до посакуваната победа. Првата четвртина заврши со 28:9 и веќе се беше јасно околу победникот.
Како што веќе информиравме во рамки на последното есенско коло од кошаркарската елита на Македонија, Пелистер со 95:88 го доби Тиквеш, МКК Куманово беше подобар од ТФТ Скопје со 78:59, а пак МЗТ Скопје со 90:54 го доби Шкупи. Кожув на домашен терен го доби Чаир со 86:63, додека пак Феникс го совлада Работнички со 73:71.
Пролетниот дел продолжува со натпреварите од 13. коло, кој на програмата ќе бидат на 11. јануари 2025 година.
Александар Ванев, М-Нет