
Одбојкарскиот клуб Штип УГД успешно ја заокружува 2024 година со големи историски резултати.
Освоена Куп-титулата што е прва титула за клубот, но и прва Куп-титула во екипен спорт за градот Штип. Во големото финалето штипските одбојкари славеа против бранителот Струмица, екипа која долги години доминира во македонската одбојка.
Меѓутоа Штип УГД успшено и рамноправно водеше борба и во пренството и таму против Струмица, но шампионот успеа да ја одбрани титулата во домашното првенство, но се намачи против штипски одбојкари.
Во есенскиот дел од тековната сезона 2024/2025 екипата на Штип УГД заврши на второто место, со само еден пораз токму од шампионот Струмица, но одбојкарите ветуваат одлична 2025 година, борба за одбрана на Куп-титулата и одново атак на титулата во првенството.
Александар Ванев, М-Нет