
Дочекот на нова година најатрактивен во Штип. На само неколку дена пред дочекот на нова година општина Штип најмногу подготвена за нова година. Со познати имиња и бендови од Штип, граѓаните овде ќе имаат добра забава и можност за добра дружба. Иако, градот во изминатите години немаше ваква чест, сепак сега ова пријатно ги изненанди сите оние кои остануваат во градот. Нешто слично Кочани втор на листата каде има подготвена програма за дочекот на новата 2025. И овде со познати имиња на градскиот парк Кочани, граѓаните ќе имаат можност за пречек на отворено небо. Божикниот базар и овде ќе биде доминатен за сите кои што ќе ги поминат празниците таму. Македонска Каменица како трет со подготвеност за дочекот на новата, со што вечерта на 31 декември тие ќе имаат локален бенд и грејано вино. Берово како последен град, кој ќе има настан за време дочекот, ќе има само новогодишни огноменти, а веднаш потоа градоначалникот ќе ги посети службите кои работат 24 часа. Пробиштип, нема да има дочек за новата 2025.
Лаура Стојанова, М-Нет