
Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции, истакна денес министерот за економија Бесар Дурмиши во својата изјава. Тој вели дека владата забрзано инвестира на патната и железничката инфраструктура со цел да се олесни и забрза пристапот и транспортот на бизнисот. Додатно истакна дека со изградбата на енергетската инфраструката ќе се обезбеди поевтин пристап на енергијата со што ќе се намали зависноста на државата со соседството.
“Нашата стратегија е да покажеме економски развој, не само на Р Макеоднија, туку и низ целиот регион. Северна Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во слободните економски зони, каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор од зоните. Забрзано инвестираме на патна и железничка инфраструктура со цел се олесни и забрза пристапот и транспортот за бизнисот. Исто така инвестираме во изградба на енергетска инфраструктура што ке обезбеди повтин пристапн на енергија преку изградба на конектори со соседните држави со што ќе се намали енергетската зависност во државата.“, истакна Дурмиши
Владата во бизнис секторот гледа партнери за подршка на равојот на економијата и преку отворен дијалог со бизнис заедницата ќе се изгради партерски односи, додава Дурмиши
“Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и дијалог со бизнис заедницата сакаме да изградиме партнерски односи, кој ќе донесат резултат.“, додава Дурмиши
Со ваквата можност ќе се придонесе развој во економијата од една страна, а од друга страна ќе има поголеми инвестиции со што ќе се намали енергетската зависност на државата со соседствотот.
Лаура Стојанова, М-Нет