51-годишен пробиштипјанец тешко повреден при пад од електричен тротинет

На 29.08.2026 во 03:50 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип, 51-годишниот И.Б. од Пробиштип управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал од тротинетот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Б., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.