Двајца доктори од Радовиш и Прилеп учествувале во лекувањето на повредените во Магдебург

Македонската амбасада во Германија информира дека двајца македонски доктори учествувале во лекувањето на повредените во Магдебург. Станува збор за д-р Златко Станковски од Прилеп и д-р Владимир Митевски од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург.