
Со делење на новогодишни пакетчиња, огномети, вештачки снег, добра музика и новогодишна атмосфера, вчеравечер свечено се отвори новогдишниот базар во Штип. Со Подготвената програма за сечии вкус, следните осум дена ќе бидат причина за да се сплотат штипјани на едно место. Штандови со топли колачи, греано вино, како и настап на познати македонски музички артисти, кловнови, снешковци, ќе ја направат атмосферата да биде незаборавна. Граѓаните велат дека не паметат Штип да е некогаш бил поубав од сега, па средчно се заблагодарија на градочалникот за ваквиот потег.
Инаку, базарот ќе биде отворен до крајот на месецов, а за секој ден е подготвена соодветна програма со што покрај најмалите, ќе уживаат и повозрасните, а тоа ќе претставува можност тие да уживаат во новогодишната магија.
Лаура Стојанова, М-Нет