
На повеќе локации во Штип се поставени хуманитарни кутии за донација на штипјанката Назифе Османова, која што боледува од рак на црниот дроб. Група на хумани граѓани од Штип од изтуринава ги поставија кутиите со цел да помогнат на својата сограѓанка. Пред камерите на медиумите ги повикаа сите кој што можат да помогнат да донираат за да спаси животот на Назифе, која што има само 47 години.
Секое малку, за нејзе е ќе означува многу, велат организаторите на ваквата акција, па затоа ги замолија сите да придонесат онолку колку што можат.
Инаку, Назифе во моментот се наоѓа во болница во Р.Турција со што веќе и е извршена само една операција. За жал во моментот недостасуваат средства за да таа се спаси. Потребни се 20 000 евра и истите треба да бидат собрани најдоцна до вторник.
Лаура Стојанова, М-Нет