Македонија доби одлична група: Ќе играме против Белгија и Велс, бодови ќе бараме против Казахстан

Македонија се погоди во групата Ј во квалификациите за Светското првенство кое се игра 2026 година во Канада, САД и Мексико. Во нашата група ќе бидат селекциите на Беглија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Квалификациите ќе започнат во март 2025 година, со групите кои се составени од пет репрезентациите, додека групите со четири репрезентации ќе започнат во септември 2025 година.

Пласман на СП 2026 од европската зона ќе обезбедат победници од групите, а пак второпласираните ќе играат бараж со четири најдобропласирани репрезентации од Лигата на нации кои нема да изборат пласман преку квалификации.

За првпат на Мундијалот ќе учествуваат 48 репрезентации, а „рисовите“ ќе бараат карта за историско учество преку групата Ј.

Македонија досега била во група со Белгија и Велс, а првпат во едни квалификации ќе играме против репрезентацијата на Казахстан.

На претходните квалификации завршивме втори игравме бараж и ја совладавме Италија, но потоа загубивме од Португалија.

Светското првенство ќе започне на 11. јуни 2026 година и ќе се игра до 19. јули 2026 година.

Александар Ванев, М-Нет