
Започнуваат промени кај прволигашите, а веќе поголема промена ќе има кај дебитантот Беса од Добри Дол, откако клубот одлучи да се раздели со дури пет играчи. Малиќ Бељули, Илирид Адеми, Емир Скендери, Филип Алексовски и Генц Гаши повеќе не се дел од тимот.
Беса во пролетниот дел ќе ја води Бобан Бабунски, а тој ќе биде трет тренер во тимот на Беса, откако сезоната ја започна Александар Таневски, тренерот кој ја внесе Беса во Прва лига, кратко дојде Берат Имери, а сега на тренерското столче седнува Бабунски.
Во следниот период се очекуваат и првите зимски засилувања во тимот на Беса.
Промена и во редовите на Шкупи, откако тимот се раздели со Алекс Златков и Михал Пинтер, по спогодбен договор. Златков кој е дефанзивец за врска, пристигна во Шкупи летото 2022 година од словенечкиот клуб Триглав. Словачки фудбалер Пинтер кој се приклучи на Шкупи во 2023 година од Вион, има одиграно 42 натпревари во сите натпреварувања за клубот, постигнувајќи еден гол и запишувајќи четири асистенции.
Во следниот период ќе следуваат и првите зимски засилувања во тимот на Шкупи.
Александар Ванев, М-Нет