Одбојкарките на Младост УГД од Штип загубија од Фит Фан Волеј, Јанта Волеј на врвот од табелата!

Изминатиот викенд беа одиграни натпрварите од 12. коло на Првата женска одбојкарска лига, а одбојкарките на Младост УГД од Штип со 1:3 во сетови загубија од Фит Фан Волеј.

Првиот сет им припадна на штипјанки кои беа подобри со 25:23, а потоа гостинот го освои сетот со 17:25, додека пак во третиот сет гостинот го доби со 23:25. Четвртиот сет заврши со 19:25.

Вардар ЕМ со 3:0 во сетови ја декласираше екипата Струмица Жени преку 25:19, 25:11 и 25:21. Наковски Волеј немаше сили за Работнички Скопје откако загуби со 0:3 во сетови, а лидерот Јанта Волеј со 3:0 во сетови славеше над Ускана.

Јанта Волеј е на врвот со 35 бодови, Работнички е втор со 31 бод, Наковски Волеј е трет со 26 бодови, додека пак на 4. место е Фит Фан Волеј со 20 бодови.

На 5. место е штипски Младост УГД со 13 бодови, Вардар ЕМ е подолу со 11 поени, Струмица Жени е претпослена со 6 бодови, а на дното е Ускана со 2 бодови.

Во Втората женска одбојкарска лига се одигра 10. коло каде Бами Кор загуби од Пелистер Волеј со 0:3, а пак Форца Волеј Ема беше подбра со 3:0 во сетиво од Виктори Волеј.

Универзитет Тетово со 0:3 загуби од Газели Волеј, Куманово беше подобар со 3:0 од Македонија Макс, а пак Фламинго и Јанта Волеј Бут одиграа 2:3.

Во однос на табелата на врвот е Газели со 27 бодови, а Пелистер е втор со 24 бодови, на дното со еден бод е Македонија Макс.

Александар Ванев, М-Нет