
Екипата на Тетекс стана есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Запад, откако минатата сезона тетовскиот тим испадна од Втората лига сега сака експресно враќање во Втората лига.
Тетекс има 32 бодови на своето конто, учинок од десет победи и две ремија, а најсериозен конкурент ќе биде Влазерими, тим кој две години по ред не ги поминува баражите за влез во Втората лига, а есенскиот дел го заврши на второто место со 28 бодови, но овој тим има меч помалку во однос на Тетекс.
Славчо Мисајловски стана најмладиот дебитант во редовите на Тетекс, откако на мечот со Речица кој Тетекс го доби со минимални 1:0, Мисајловски дебитираше со 16 години и два дена.
Тетекс постигна 33 погодоци со тоа го има вториот најдобар напад во лигата, а најдобри стрелци во Тетекс се Ерјон Елмази и Меритон Салији со по десет погодоци, а „штофарите“ ја имаат најдобрата одбрана со примени само седум погодоци.
Александар Ванев, М-Нет