КУП футсал: Кратово патува во следна фаза, Мал Ајакс подобар на пенали во Свети Николе

Првата елиминациона фаза од Купот на Македонија во футсал заврши, познати се екипи кои патуваат во следната фаза од Купот.

Мал Ајакс во Свети Николе се соочи со ланскиот прволигаш Овче Поле, меч кој заврши без победник со шест гола за 3:3, а во пенал серијата подобри беа штипјани кои обезбедија следна фаза.

Кратово со 2:4 беше подобар со Карадаку во Липково за следна фаза од Купот, Енхалон загуби од Кораб со 6:7, Сее Университи немаше сили за Партизан Југ откако загуби со 4:9.

Победа и Конзули одиграа реми со 14 гола за 7:7, а во пенал серијата подобри беа прилепчани. Екипата на Балкан лесно ја доби Каршиака за 9:5 и следна фаза од Купот.

Во следната фаза покрај победниците од првото коло ќе играат и десетте прволигаши со што ќе одигра осминафиналето од футсал Купот на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет