Во вторник извлекување на четвртфиналните парови во Купот на Македонија

Во вторник со почеток од 15 часот во „Куќата на фудбалот“ ќе се извлечат 1/4 парови за фудбалскиот Куп на Македонија, извести комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ

Вардар, Брера Струмица, Шкендија, Струга Трим Лум, Арсими, Детонит Плачковица, Силекс и Гостивар обезбедија пласман во 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Четвртфиналето ќе се игра со по еден натпревар, натпреварите се закажани за 26. февруари 2025 година со почеток од 14 часот, а победниците патуваат во полуфиналето.

Александар Ванев, М-Нет