Штипската пожарна доби ново возило за интервенции од УНДП

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов заедно со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации,  Армен Григорјан денес извршија примопредавање на теренско возило за  интервенции кое е донација од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).  Благодарејќи на соработката со УНДП возниот парк на противпожарната единица се збогатува со уште едно возило за интервенции се со цел полесно справување со огнените стихии.