
Марш по повод 16 дена активизам за борба против насилството врз жените се реализираше денеска во Штип. Маршот започна пред општинската зграда, а во истиот беа вклучени и маршираа и гимназијалците од „Славчо Стојменски“. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните, но и да се намали стравот кај жените и девојчињата да пријавуваат ако се жртви на семејсно насилство.
“Целта на маршот е да се подигне свеста кај граѓаните, на општеството, дека оваа појава е навистина негативна, зема и уништува човечки животи и дека мораме сите подеднакво да се спротиставиме на неа.“ – вели Санева.
Последните податоци покажуваат дека расте бројот на пријави за семејно насилство, од една страна, но од друга раста дури 70% од жените се откажуваат од кривично гонење, а тоа најчесто е заради притисок но и заради економската состојба на жените. Од здруженијата велат дека е потребна промена на Законите со цел да се реши овој проблем и да се намали семејното насилство.
„За жал можам да потврдам дека во последните неколку години се зголемува бројот на пријавени случаи на насилство. Тоа можеби делумно се должи на тоа што девојчињата, жените станале свесни за овој проблем. Но, може да се должи и нависина на зголемувасње на насилството што е навстина алармантно.“ – вели Пеева.
Оваа година има пријавено околу 130 жени кои трпеле семејно насилство само во Штип, а бројката е над 200 ако се додаде и Струмица.