
„Јас на некое друго место“ е новата претстава која ќе биде прикажана на штипската публика во сабота на 30 ноември во театарот во Штип. Режисерот на претставата Јован Ристовски, пред медиумите истакна дека најважниот новитетт за оваа штипска премиера е тоа што има праизведба на нов македонски текст, пишуван по реална приказна во која крајот е трагичен. Претстава е од голема важност за штипската публика, бидејќи претставата има своја основна порака.
“Најбитниот новитет за оваа штипска премиера е тоа што имаме праизведба на нов македонски текст што не се случува често. Пишуван е по реална приказна во која крајот е трагичен. Лугето заборавија да комуницираат и најстрашно да се сакаат.“, додава Ристовски
Дека, улогите кои ќе се толкуваат на самата премиера се доста тешки, согласни се и актерите, кои велат дека оваа премиера, како и останатите ќе доживее голема гледаност.
На огромно задоволство костимографот Марта Дојчиновска, вели дека го следи визуелниот јазик на режисерот, како и неговата визија, па по целото тоа таа ги креира самите ликови.
“На огромно задоволство и чест за костимографијата можам да кажам е во служба на претставата, го следи визуелниот јазик на режисерот, како и визијата и статистиката. Уживав додека ги креирав овие ликови.”, вели Дојчиновска
Директорката Кристина Атанасова, Арсова, топло ги покани сите заинтересирани сограѓани да повелат на 30 ноември со почеток од 20 часот за да уживаат во оваа премиера.
“Да најавиме нашето следно прекрасно нешто театарската претстава која што ќе доживее премиера во сабота на 30.11 во 20 часот во тетараот на Штип насловена како „Јас на неко друго место“, додава Арсова
Следната изведба на оваа премиера е на четврти декември, а истата е дел од проектот од мин за култура и со ова завршува годишната програма. На 13 декември има повторно премиера насловена како стан 54, додека на 17 декември штипската публика ќе има можност да ужива во последната премиера за годинава насловена како магична синфонија.
Лаура Стојанова, М-Нет