Штипјанец и покрај судската забрана се заканувал на сопругата со која бил во бракоразводна парница

фото: архива

На 28.11.2024 во 11.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.А.(38) од Штип, осуденик во казнено – поправната установа Затвор Струмица, а користел слободни денови. Тој се сомничи дека претходно телефонски и во фабриката каде што работела, се заканувал на неговата 43 – годишна сопруга со која бил во бракоразводна постапка и на тој начин постапил спротивно и на решението од Основен суд Штип со кое му е изречена мерка за забрана.