
Штипјани нема да постат по повод празникот рождество христово или познатиот празник Божик. Некој поради здравствени проблеми и месечните терапии, други поради навика, трети затоа што сметаат дека постат само оние што немаат доволно финасии. Со оглед фактот дека постот е речиси подзаборавена практика кај луѓето, останува само прашањето даил има некој кој што воопшто пости?
„Не можам јас сум дијабетичар, па добро е тие што можат за да си постат.“, велат граѓаните
“Кој сака ќе си посте, кој не не „, додаваат граѓаните
За среќа при самата анкета по повод денешната тема, М-нет пронајде само еден анкетиран сограѓанин, кој постот го практикува и денес и претставува период во кој се отрга од секојдневните проблеми.
Во согласност со ситуацијата, Божикниот пост ќе трае вклучително 40 дена и во него има само неколку дена со строг пост, а во други е речиси вклучено маслото, рибата и виното.
Лаура Стојанова, М-Нет