
Здружението на селпи лица заеднички со фолклорниот ансамбл Ветерани од Штип и здружението на пензионери организираат хуманитарен концерт, кој утре вечер ќе се реализира во Центар на култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 18 часот. Влезот е слободен, но со можност граѓаните, љубителите на народната музика да донираат средства кои ќе се искористат за голем број активности на здружението на слепи лица, кои догодина слават 70 годишен јубилеј.
„Собраните средства ќе бидат наменти за активности на здружението на слепи лица на град Штип. Планираме да организираме меѓународни шаховски турнири, концерт, ќе имаме гости од Бугарија и Сребија и слично.“ – вели Витанов.
Овој концерт се реализира за првпат годинава со тенденција да прерасне во традиција која ќе се оргниизра секоја година по ред. Концертот ќе се одвива во неколку делови, а ќе има гости од повеќе градови од државата.
„Од нашиот град чќе бидат група Бекрии, оркестарот при здружение на пензионери Штип, пеачката група Орнаменти, народниот оркестар, гости ќе имаме од Кочани, пријатели од Пробиштип, Штип и слоисти од слепите лица од Кочани и Штип.“ – вели Ристов.
Во оваа прилика се упати покана до сите граѓани, љубителите на народната музика и поддржувачи утревечер да бидат дел од концертот, да донираат доколку се во можност и да уживаат во богато подготвената програма.
Лаура Стојанова М-Нет