
Шест екперименти беа изведени денеска од основците во Штип со што се одбележа Ноември месецот на науката. Организатор на настанот беше ООУ „Гоце Делчев“ Штип, а учество зедоа учениците и од останатите основни училишта во градот. Се изведуваа експиременти по преметите од природните науки.
„ООУ „Гоце Делчев“ од Штип оваа година втора година по ред ја реализира и организира манифестацијата, Ноември месец на науката. Благодарение на инвентивноста и креативноста на наставниците по природни науки на ООУ „Гоце Делчев“ од Штип ја продолжуваме оваа манифестација. Ја проширивме и во овие активности ги вклучивме и останатите основни училишта на град Штип. Ние како училиште поставивме една основа со која се надеваме дека ќе продолжи и понатаму да се реализира“ – вели Митев.
Подготовките на основците траеа околу три недели и како што велат ова за нив е од големо значење бидејќи на ваков начин ја негуваат науката, се подготвуваат за средно образование., но и за факултет.
Минатата година месецот на науката, ООУ Гоце Делчев на речиси идентичен научин го одбележа во штипскиот Безистен каде екепсриметни изведуваа само основците од ова училиште. Годинава програмата е збогатена со учество на сите училишта, а учениците добија и соодветни награди. За наредната година се размислува ова да прерасне во традиција, која ќе добие и натпреварувачки карактер.
Лаура Стојанова М-Нет