
Несовесно паркирање на возила е честа слика, која може да се забележи во центарот на Штип. Револтирани граѓани велат дека ваквата ситуација ги загрижува, бидејќи претставува опасност за возачите, но и за пешаците, кој секојдневно минуваат од таму. Реакцијата овојпат беше од страна на граѓани кои живеат позади ООУ Ванчо Прќе во Штип.
Велат дека покрај што возилата на нивната улица се несовесно се паркирани, многу често се поставени до степен дури да не може да се помине. Бараат решение со цел да се избегнат несаканите последици.
Во согласност со ситуацијата М-Нет телевизија разговараше со ЈП“Стипион“, а од таму велат дека во следниот период ќе се работи на ваквиот проблем со цел граѓаните бидат безбедни. Ќе се постават нови тротоарски површини и ќе се постават заштитни столбчиња, а за прекршувачите ќе има глоби.
Лаура Стојанова, М-Нет