
Успешно заврши десеттото издание на „Струмина Треил 2024“ – трка која се одржува во Штип, а како што вели организаторот Жикица Ивановски за М Нет телевизија, поминало подобро и од очекуваното со голем број на учесници.
„Десеттото издание на Струмина Треил помина подобро и од очекувањата, имавме над 220 учесници, сите финишираа успешно, се вратија сите живи и здрави. Поделивме награди во генерален пласман и возрасни категории. Имавме исто така доста брзи времиња, имавме прекрасно време за трчање“, рече Ивановски за М Нет.
Прв во машка конкуренција со најдобро време на оваа трка од 1 час и 26 минути беше Златко Карчески, кој вели дека му е мило што е токму на јубилејното издание на „Струмина Треил“.
„Ја трчам Струмина по втор пат мислам дека прво ја трчав пред две години. Оваа година истрчав со 1 час, 26 минути и 39 заврши на првото место. Многу ми е мило што на јубилејното десетто издание доаѓа на легендарната Струмина кај Жикица. Идеални беа условите временски за трчање, многу ми е мило што помина успешно настанот“, рече Карчески.
На втoрото место заврши Никола Илиевски со време од 1 час и 28 минути, а на третото место заврши Кевин Строек од Холандија, со време од 1 час и 31 минута, кој вели дека по првпат доаѓа на трка во Македонија, во изјавата за М Нет истакна дека можеби и следната година ќе биде одново дел од оваа трка.
„Ние сме од Холандија, ние трениравме оваа година на планините во Европа , ја поминавме целата година во натпревари во Скај ранинг на светски првенства , беше многу успешна година , и сега сезоната заврши па ова беше спонтана трка за нас бидејки бевме на патување во Грција па вчера ние не ни знаевме дека доваѓаме. Ова ни е прв пат во Македонија многу ми се допадна трката, многу брз прекрасен зимен ден и дефинитивно сакам да видам повеќе повеќе работи во вашата држава. Можеби ние следната година планираме да имаме уште многу авантури на балканот.“
Во женска конкуренција најдобра беше Ренс Елса Нијман од Холандија со време од 1 час и 35 миунти што е најдобро време на „Струмина Треил“, која за М Нет вели дека луѓето и атмосферата биле прекрасни.
„Јас сум од Холандија и задоволство ми е што сум овде , луѓето се многу прекрасни, атмосферата е прекрасна, и многу ги сакам трејловите. Всушност за оваа трка дознав вчера, бевме во Солун и сретнав девојка во продавница па таа ми кажа за оваа трка па така одлучивме да дојдеме овде и беше прекрасно. Тренирам 4 до 5 пати неделно, од Февруари патуваме низ планините на Европа пробуваме да трчаме на високи елевации. Ии да беше многу прекрасна година и тренирав повеќе од претходните години.“
На второто место кај дамите беше Вера Радева со време од 1 час и 51 минута, а пак трета беше Сања Најдовски со време од 1 час и 56 минути.
Годините не познаваат граници, а доказ за тоа е Благоја Ацковски, познат како Бале Брзи кој со 70 години за М Нет вели редовно зема учество на трки, меѓу кои и „Струмина Треил“.
„Ги имам истрчано сите трки на Струмина и ми се допаѓа патеката бидејќи е навистина убава. Луѓето се добри , патеката обележана фантастично“, резе Ацковски.
Традиционално ова е трка со која многумина ја завршуваат својата сезона, но многумина и навлегуваат во трчањето токму преку ова трка.
Александар Ванев, М-Нет