
Саниран делот од кровот на средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, кој во петокот беше откорнат од силниот ветер. Брзата реакација на Локалната самоуправа во соработка со МОН и фирмата изведувач придонесе кровот да биде саниран, а училиштето оспособено за непречена настава.
„Настаната штета на кровната конструкција на СОУ „Коле Нехтенин“ Штип е веќе санирана и училиштето е оспособено да има непречена настава, благодарение на брзата реакција на МОН. Навистина ми е задоволство и сакам да изразам благодарност до Мон затоа што оваа непредвидена штета можеше да влијае врз наставата.“ – вели Јорданов.
Средношколците го положија тестот на зрелост почитувајќи ги препораките од вработените и на тој начин немаше повредени ниту вработени ниту ученици.
„Јас би сакала да ја искажам мојата голема благодарност кон градоначалникот Иван Јорданов, МОН и фирмата изведувач кои заеднички за два односно три дена успееаја да го санираат кровот. Благодарност до вработените, но и до учениците кои го положија тестот на зрелост и ги почитуваа нашите препораки“ – вели Шалева.
Кровот на СОУ „Коле Нехтенин“ беше откорнат во петокот кога Штип беше погоден од силен ветер. Освет коровот на училиштето, екипите на ЈП Исар и ТППЕ Штип реагираа на откорнати дрва, паднати гранки и оштетни автомобили. Јорданов посочи дека пријави имало и за оштетени кровни конструкции и настрешници од страна на граѓаните и дека штетите ќе бидат покриени. Но и порача граѓаните да не градат дивоградби, несоодвети објекти, со кои освен штети може да се загрози и безбедноста на сите останти.
Лаура Стојанова М-Нет