Два нови пешачки мостови се поставија во Штип, едниот е кај ООУ“Ванчо Прќе,, другиот кај пешачката патека

Два нови пешачки мосотови денес се поставија во Општина Штип. Едниот е на локација наспроти ООУ Ванчо Прќе, а другиот кај пешачката патека во Ново Село. Целта на едниот е да го олесни преминот од училиштето до спротивната страна, а на другиот кај патеката. Дека ваквите новитети кои постојано се случуваат во Штип се од голема важност, согласни се и граѓаните, кој велат дека градот ќе биде вистински и модерен центар на истокот.

Со поставувањето на мостовите, ќе се олесни преминот и на двете локации, кој покрај за повозрасните ќе овозможи олеснување и за најмладите, но и за учениците кои секојдневно поминуваат од таму.

Лаура Стојанова, М-Нет