
Одново голем интерес во фудбалска Битола, откако Пелистер одлучи натпреварот со Шкендија од 13. коло на Првата фудбалска лига да го одигра против под рефлектори односно од 17 часот.
Претходно, Пелистер под рефлектори играше со Вардар и мечот го доби со минимални 1:0, а тоа понуди огромен интерес и стадионот „Петар Милошевски“ беше во целост исполнет.
Пелистер кој е предводен од штипскиот стратег Влатко Костов ќе има огромна поддршка од трибините. За таа цел од ФК Пелистер апелираат сите гледачи да дојдат на стадионот и да си обезбедат билети, во спротивно како што се вели во соопштението клубот не може да гарантир навреме влез на стадионот. Вратите на стадионот ќе се затвараат во 16:30 часот односно половина час пред почеток на натпреварот.
„Апелираме навивачите спортски да го поддржат својот тим во согласност со прописите и законот, без извици и пароли на национализам, расизам и слично. Внесување на тврди предмети (запалки, лименки, шишиња, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането. Картите да се купуваат стриктно од Тобако или од Билетарница на денот на натпреварот, со цел да се избегнат малверзации и да имате валиден тикет. Во спротивно нема да може да влезете на стадион“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.
Пелистер ќе бара три бодови против лидерот Шкендија од Тетово, а задолжен за правдата на дербито во Битола кое стартува во 17 часот ќе биде штипјанецот Димитар Пилешков.
Александар Ванев, М-Нет